Напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди, најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Јувентус. Аргентинецот на тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, му соопштил дека има желба да се пресели во Торино.
Дека, Икарди, сериозно размислува за овој трансфер, потврдува и објавата на неговата сопруга, Ванда Нара, која воедно е и негов менаџер. Ванда Нара, во црно-бела облека, рекла дека се е можно.
ПСЖ се најактивни во досегашниот тек од преодниот рок. Во Париз пристигнаа Рамос, Донарума, Вајналдум и Хакими, а деновиве се очекува да пристигне и Аргентинецот од Лацио, Хоакин Кореа.
Икарди, во ПСЖ, пристигна во 2019 година, најпрвин како позајмен играч од Интер, а потоа клубот го откупи неговиот договор за 50 милиони евра.
Минатата сезона, Икарди настапи на 28 натпревари во сите натпреварувања, постигна 13 голови и забележа шест асистенции.