Top Sport

Алегри: Само не против Барселона во четврт-финалето

Масимилијано Алгери со Јувентус синоќа го победи Тотенхем во Лондон и клубот се пласира во четврт-финалето во Лигата на шампионите.

Тотенхем имаше поволен резултат (2:2) по првиот меч, имаше и предност 1:0 во реваншот, но Јувентус за помалку од три минути направи пресврт, победи на „Велмбли“ 2:1 и се пласира меѓу најдобрите осум екипи во ЛШ.

Покрај Јувентус, во четврт-финалето веќе се Реал Мадрид, Ливерпул и Манчестер сити. Листата на четвртфиналисти ќе се комплетира наредната недела.

Тренерот на Јувентус пред ждрепката што ќе се одржи на 16 март открил со кој тим не би сакал да се сретне во четврт-финалето.

„Единствениот тим што сакаме да го избегнеме е Барселона. Секоја година Барселона, мислам дека е доста“, рекол Алегри.

Инаку, Барселона допрва треба да го обезбеди пласманот во наредната рунда. „Блауграна“ наредната недела ќе го одигра осминафиналниот реванш против Челси. Првиот меч во Лондон заврши без победник 1:1.

Scroll to Top