Top Sport

Алегри: Серија А е лесна за тие кои губат

Изненадувачкиот 2:1 пораз од СПАЛ го одложи освојувањето на осмата титула во низа на Јувентус и го налути тренерот на тимот, Масимилијано Алегри кој ги критикуваше своите играчи, потсетувајќи ги на потребата за постојаност.

Јувентус, сепак, има неверојатни 20 поени предност пред Наполи, кои во недела гостуваат на веќе испаднатиот Киево.

„Победуваш кога ќе победуваш. Кога ќе загубиш, нормално е да си нервозен. Ако победи Наполи, ќе чекаме до следната сабота, но засега најважен е дуелот со Ајакс и Лигата на шампионите. Слушнав дека за Јувентус лигата е лесна, па, лесна е за тие кои не победуваат, но за тие кои победуваат Серија А е тешка лига. Јувентус за разлика од другите тимови, има сила да ги игра сите натпревари за три поени, бидејќи само така се освојуваат титули. Така ме учеа. И тоа уште стои, иако сега фудбалот очигледно го прават само за научници. Затоа лигата не е лесна за Јувентус, бидејќи ги играме сите натпревари кои и другите. Да се победува седум години е тешко, бидејќи уште ја немаме осмата титула“, објаснува саркастично Алегри.

Scroll to Top