Top Sport

Алегри удри по Рабио: Тоа што го прави е недоволно

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не штедеше критики кон Адриен Рабио пред утрешниот меч од Лигата на шампионите против Челси, велејќи дека бројот на голови кој ги постигнал Французинот за „бјанконерите“ е едноставно „неприфатлив“.

Алегри немаше најдобро враќање на клупата на Јувентус, победувајќи во само два од првите шест меча во Серија А, и јавно ги критикува сопствените фудбалери за залагањето и за својата игра, и сега на ред дојде контроверзниот Рабио.

„Рабио е достапен, неговиот зглоб е добар, така што ќе биде достапен. Адриен е сличен со Федерико Бернардески. Ако голем клуб како Јуве избере таков фудбалер, тогаш има причина, така што клучот е во менталитетот. Тие мораат да бидат посветени на тренинзите, головите, одбраната… Колку добри технички фудбалери не успеале да направат кариера? Да бев на местото на Рабио ќе бев лут, нависитина лут? Колку гола даде во две години тука? Десет? Тоа не е прифатливо и да бев на негово место немаше да бидам задоволен. Мора да биде подобар“, вели Алегри.

Scroll to Top