И покрај тоа што повеќе пати изјавуваше дека ќе остане на клупата на Јувентус и дека ќе ја планира иднината со претседателот Андреа Ањели, италијанските медиуми тврдат дека Масимилијано Алегри утре ќе си поднесе оставка.
Алегри има освоено пет титули во низа во Серија А со Јуве (кои имаат осум едноподруго), но и оваа сезона изостана европскиот успех и покрај пристигнувањето на Кристијано Роналдо, зголемувајќи го притисокот и критиките во италијанската јавност.
Навивачите на Јуве ја сонуваат титулата од ЛШ, и конечната одлука сигурно ќе се донесе по состанокот со Ањели – денеска Алегри бил на тренинг-терените на клубот во Континаса. Според „Спорт медијасет“, одлуката веќе е донесена и утре Алегри на прес-конференција ќе објави дека заминува, а негов најверојатен наследник ќе биде стариот тренер на Јуве, Антонио Конте.