Top Sport

Алегри ветува: Роналдо не е лут, но реакцијата покажува нешто друго (видео)

Макс Алегри застана зад Кристијано Роналдо велејќи дека тој „не е лут“ по промашувањето при 2:0 победата над Лацио, откако неговата реакција од многумина беше прогласена за не-фер и неспортска.

Роналдо беше во совршена шанса во 75. минута во Торино, откако Жоао Кансело упати топка кон својот сонародник, но голманот на Лацио, Томас Стракоша направи доволно за да го спречи Роналдо да даде гол, по што топката дојде кај Марио Манџукиќ, кој не згреши.

По ова, Португалецот беше забележан со иронична насмевка и со реакција која не беше најдобра, но Алегри вели дека нема проблеми.

„Не, тој воопшто не е лут, туку се насмеа бидејќи такви работи се случуваат. Тој само две недели е со нас, но доволно е интелигентен да сфати дека италијанскиот фудбал е поинаков од тој во Шпанија“, вели Алегри.

Scroll to Top