Top Sport

Алегри влезе во историјата на Јувентус

Пет победи и едно реми на последните шест натпревари има италијанскиот шампион Јувентус. По победата над Беневенто, во неделата (2:1), тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри велез во историјата на трофејниот клуб.

Поранешниот стратег на Аглианесе, СПАЛ, Гросето, Сасуоло, Каљари и Милан, во Торино пристигна во 2014 година и во неделата се искачи на третото место според бројот на победи во историјата на Јувентус.

Пред Алегри кој на 183 натпревари има забележано 128 победи се само Марчело Липи (405 натпревари, 227 победи) и Џовани Трапатони (596 натпревари, 319 победи).

Но доколу се погледне процентот на успешност тука Алегри е убедливо најдобар, бидејќи тимот победил на 69,9 отсто од натпреварите под негово водство. Зад Алегри се Карло Каркано (68,9), Антонио Конте (67,6), Марчело Липи (56,1) и Џовани Трапатони (53,5).

Scroll to Top