Тренерот на Јувентус пред големото дерби со Интер (сабота 20:45 часот) донел одлука Паоло Дибала и Алекс Сандро натпреварот да го започнат од клупата за резерви.
Дибала е во лоша форма, а Алекс Сандро поради незадоволството што не беше продаден во летниот преоден рок го загуби местото во тимот од Асамоа. Италијанските медиуми не ја исклучуваат можноста на клупата да се пресели во Сами Кедира.
Во екипата за дербито се враќа Марио Манџукиќ, а Даглас Коста ќе игра на крилната позиција на место Хуан Квадрадо.
Голем хендикеп за Јувентус преставува повредата на капитенот Џиџи Буфон, кој ќе го пропушти дуелот со Интер.
Јувентус: Шчесни – Де Шиљо, Бенатија, Кјелини, Асамоа – Маркизио, Пјаниќ, Матуиди – Даглас Коста, Манџукиќ, Игуаин
Интер: Хандановиќ – Дамброзио, Шкрињар, Миранда, Сантон – Весино, Гаљардини, Борха Валеро – Кандрева, Перишиќ, Икарди