Масимилијано Алегри признава дека не знае дали Пауло Дибала ќе биде фудбалер на Јувентус и следната сезона, откако Аргентинецот се врати во стартниот тим по конфликтот со тренерот во петокот и го даде првиот гол во 2:0 победата над Салернитана.
„Односите со Пауло и со сите фудбалери се добри. Имаше некои размени на мислења, а јас секогаш сум директен, но само за доброто на фудбалерите и тимот. Тие знаат дека го имаат мојот почит и посветеност. Пауло дојде како дете од Палермо и стана голем фудбалер, така што немам проблем со него. Не знам дали ќе биде со нас и следната сезона, бидејќи тоа е работа на клубот. Неговиот договор завршува, но и договорите на Бернардески, Де Шиљо, Перин и Квадрадо. Мојата задача е да имаме добри резултати во последните недели од сезоната, а иако можам да давам оценки за фудбалерите, договорите се прашање за клубот“, вели Алегри.