Top Sport

Алекс Телес и Ектор Ерера се договориле со Атлетико

Атлетико Мадрид започна со реновирање на тимот за наредната сезона. Шпанските медиуми објавија дека „јорганџиите“ договориле соработка со двајца фудбалери на Порто, Алекс Телес и Ектор Ерера.

Алекс Телес има 26 години, игра на позицијата лев бек и според многумина е еден од најдобрите играчи во Европа на својата позиција.

Атлетико успеале да се договорат со Порто, овој играч да го добијат за 30 милиони евра, иако во неговиот договор отпусната клаузула изнесува 40 милиони евра.

Мексиканецот Ектор Ерера, има 28 години и може да покрие повеќе позиции во редот за врска. Тој заминува од Порто бидејќи не успеал да се договори со клубот околу новиот договор. Финансиските барања на Ерера Порто не можел да ги испрати.

Атлетико бесплатно ќе го добијат Ерера, бидејќи неговиот договор истекува на крајот од сезоната.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, бил заинтересиран за и за напаѓачот на Порто, 27 годишниот Муса Марега. Трансферот на Марега ќе завиди од тоа дали Челси ќе го вратат во своите редови Алваро Мората по завршувањето на сезоната, бидејќи клубот од Лондон поради забраната од ФИФА нема да може да купува играчи во летниот преоден рок.

Scroll to Top