Top Sport

Александер-Арнолд признава: Нешто не е во ред со Ливерпул

Трент Александер-Арнолд признава дека сите фудбалери на Ливерпул се прашуваат што тргнало наопаку по 2:1 поразот од Лидс во саботата, што беше нивни четврти пораз оваа сезона во само 12 меча и затоа се на 9. место на табелата на осум поени од топ 4 пласман. Уште полошо, поразот беше втор во низа, откако загубија со 1:0 од последнопласираните Нотингем форест.

„Би кажал дека сите имаме самодоверба, веруваме во нашиот стил на игра, во квалитетот на тимот и во тоа што треба да го оствариме. Но, кога ќе имате ваква серија, нормално е да си поставувате праш. Јасно е дека во тимот нешто не е во ред, не оди како што ние би посакувале. Сите размислуваат за тоа и немаме многу време да ги решиме проблемите бидејќи следната недела играме со Тотенхем, ривал за топ 4 пласман. Мораме да отидеме таму и да извлечеме поени ако сакаме да имаме шанса да оствариме дел од целите за оваа сезона“, вели Александер-Арнолд.

Scroll to Top