Top Sport

Алексеј Кулбаков – Апсолутен рекордер во ЛШ

Алексеј Кулбаков влезе во книгите на рекорди во Лигата на шампионите. Белорускиот судија на натпреварот Севилја-Салцбург четири пати покажа на белата точка.

Кулбаков, во периодот ос 13. до 42.минута, досуди три пенали за Салцбург и еден за Севилја.

Гостите, од три пенали, постигнаа само еден гол, на крајот освоија само еден бод.

И уштре еден куриозитет, сите три пенали за гостите од Салцбург, ги избори напаѓачот Адејеми. Првиот пенал тој го шутираше и го промаши целиот гол.

Scroll to Top