Top Sport

Алексис би заминал во ПСЖ, Марсијал го одбил новиот договор

Играчот со најголема плата во Манчестер јунајтед, Алексис Санчез, во јануари би можел да го напушти клубот, пишуваат медиумите во Англија.

Чилеанецот, во јануари од Арсенал се пресели во Манчестер јунајтед, доби месечна плата од 560.000 евра, но она што го прикажува на теренот кога е во тимот е под секое ниво.

Последните месеци тој неколку пати, со одлука на тренерот, неколку пати беше надвор од тимот, односно воопшто не беше во конкуренција за настап. Последен таков случај е дуелот со Јувентус во Лигата на шампионите.

Поради тоа се шпекулира дека тој во јануарскиот преоден рок ќе побара трансфер, а како можна дестинација се споменува ПСЖ. Од Францускиот шампион и во минатото беа заинтересирани за Чилеанецот.

Раководството на Манчестер јунајтед се подготвува да им ги намалува платите на фудбалерите, а заминувањето на Санчез би создало можност за нови трансфери.

Проблем за Јунајтед и менаџерот Жозе Мурињо е и Антони Марсијал. Францускиот фудбалер наводно повторно одбил да потпише нов договор. Иако имаше најави дека двете страни ќе потпишат нов договор, како стојат сега работите Јунајтед и Марсијал се далеку од договор.

Доколку Марсијал не го продолжи договорот, Мурињо во наредниот преоден рок покрај дефанзивец е мора да бара и напаѓач.

Scroll to Top