Кариерата на Алексис Санчез е во слободен пад откако тој го напушти Арсенал и реши да ја прифати финансиски богата понуда на Манчестер Јунајтед. Англиските медиуми пишуваат дека негова следна станица ќе биде клуб од Јужна Америка.
Алексис Санчез како еден од најдобрите светски напаѓачи во јануари 2018 година пристигна во Манчестер Јунајтед. На „Олд Трафорд“ не покажа ништо поради што клубот минатото лето го испрати на позајмица во Интер.
Кариерата не успеа да ја оживее ниту во Милано. Јасно е дека Интер нема да го откупат неговиот договор, а според тимот што го има Јунајтед за него нема место на „Олд Трафорд“.
Во досегашниот дел од сезоната Алексис Санчез за Интер одиграл 15 натпревари, постигнал еден гол и забележал три асистенции.
Англичаните пишуваат дека интерес за Алексис покажале Фламенго, Ривер Плата, Атлетико Минеиро и клубот од татковината Универсидад де Чиле.
Наводно Јунајтед биле подготвени да го пуштат во некој од овиј клубови за сума од 18 милиони евра.