Иако цела сезона на Манчестер јунајтед навивачите ќе сакаат да ја заборават многу бргу, најразочарувачка сезона сигурно имаше Алексис Санчез – во 20 настапи во Премиер лигата тој имаше само еден гол и три асистенции иако е најплатениот фудбалер во клубот.
Сега, Чилеанецот преку Инстаграм се извини на навивачите на клубот, велејќи дека поради „непредвидливи повреди“ не го дал најдоброто.
„Ова беше многу тешка сезона. Фановите се тие кои заслужуваат извинување, бидејќи тие се секогаш зад тебе без разлика на што се случува. Лично, јас немав најдобра година поради непредвидливите повреда. Печатот и другите луѓе шпекулираа за работи кои не се вистинити. Јас секогаш бев професионалец во мојата работа. Се извинувам на навивачите што не ги исполнивме целите. Но, ние сме Манчестер јунајтед. Знам дека сите се прашуваа дали го даваме максимумот за овој дрес. Сигурен сум дека Манчестер јунајтед еден ден ќе се врати како клуб од старите денови под господинот Алекс Фергусон“, напиша Санчез.