Иако фокусот во Манчестер јунајтед последните денови е на менаџерот Жозе Мурињо и неговиот однос со Пол Погба, кризата кај „ѓаволите“ зафаќа и други фудбалери, Алексис Санчез во прв план.
Поранешниот фудбалер на Барселона и Арсенал пристигна со големи „фанфари“ на „Олд Трафорд“ во договор во јануари со кој Хенрик Мхитарјан замина во Арсенал, и сега тој има неверојатна низа од 832 минути без гол во Премиер лигата. Последен гол на Санчез за Јунајтед е при 2:0 победата над Свонси сити на 31 март. Оттогаш тој има постигнато само уште еден конкурентен гол – на 21 април во 2:1 победата над Тотенхем во ФА купот.
Мурињо само еднаш му даде шанса на Чилеанецот да одигра цел меч оваа сезона – 2:1 победата на Лестер сити во првиот меч од сезоната. По ова тој го пропушти вториот натпревар поради повреда, се врати како замена во поразот од Тотенхем, пред да биде заменет во мечевите против Барнли, Ватфорд и Вулверхемптон.
Санчез претходно имаше 80 гола и 45 асистенции во 116 натпревари со Арсенал, 47 гола и 36 асистенции во 141 мечеви со Барселона и 21 гол и 20 асистенции во 112 настапи за Удинезе.