Новиот играч на Манчестер јунајтед, Алексис Санчез, поради затајување на данок во Шпанија е осуден на 16-месечна затворска казна. чилеанецот сепак нема да заврши зад решетки бидејќи за такво нешто пресудата треба да биде поголема од 24 месеци.
Алексис Санчез се договорил со шпанското обинителство, признал дека не платил данок во износ од еден милион евра. Напаѓачот на Јунајтед затајувал данок во периодот 2012-2013 година кога играше за Барселона.
29-годишниот фудбалер во целост ја прифатил вината за прикривање на данок, тој ќе ја плати сумата и каматите
Во Шпанија во изминатиот период беа покренати повеќе судски процеси против познати фудбалери за затајување на данок. Меѓу оние кои поминаа како Алексис Санчез, односно ја признаа вината и ја платија сумата која ја затаиле се лео Меси, Хавиер Маскерано, Анхел ди Марија, Фабио Коентрао, Фалкао…