Top Sport

Алексис Санчез пред преселба во Марсеј

Алексис Санчез е многу блиску од заминување од Интер, кои се подготвени да му го раскинат договорот за тој да може да потпише за Олимпик Марсеј, откако италијанските медиуми објавија дека чилеанскиот ветеран е веќе во Франција.

Санчез има договор со Интер до јуни 2023 година, но веќе доби порака од Симоне Инзаги дека не е во плановите на клубот за новата сезона, иако е фудбалерот со највисока плата во клубот, од дури 7 милиони евра по сезона. Се верува дека Интер се подготвени да платат 5 милиони евра за раскин н договорот.

Во тимот на Игор Тудор, тој би заработувал околу 3 милиони евра по сезона.

Scroll to Top