„Алексис Санчез се кае што од Арсенал заминал во Манчестер јунјатед“, тврди британскиот „Дејли мејл“.
Во досегашните десет натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“, Чилеанецот има постигнато само еден гол, а последниот дуел против Брајтон во ФА купот го проследи од клупата за резерви.
„Санчез делува како уморен и и разочаран човек. Се забележува дека не е среќен. Често во клупскиот ресторан јаде сам. Велат дека сериозно размислува за тоа дали згрешил што дошол овде“, тврди англискиот весник.
„Алексис делува како некој кој не сака да биде таму каде што е. Во целата оваа работа тој делува како изгубено момче. Иста беше ситуацијата со Анхел Ди Марија“.
За потсетување и Ди Марија во Манчестер јунајтед пристигна како големо засилување, но не успеа да се вклопи и по само една сезона замина во Париз.