Top Sport

Алексис Санчез со Интер до јуни 2023 година

Откако вчера тренерите на Манчестер јунајтед и Интер потврдија дека Алексис Санчез е нов фудбалер на „нераѕурите“, денеска италијанскиот клуб потврди дека Чилеанецот потпишал договор до јуни 2023 година.

31-годишниот Санчез пристигна во Интер како позајмен фудбалер минатото лето по катастрофални две сезони на „Олд Трафорд“ и иако беше повреде во 22 меча имаше 4 гола и 9 асистенции.

Договорот со Јунајтед е раскинат со взаемна согласност, што значи дека поранешниот фудбалер на Удинезе и Арсенал пристигнува во Интер како слободен фудбалер. Со ова Јунајтед се ослободува од обврската да ја плаќа високата плата од 400.000 евра неделно за Чилеанецот, кој сигурно ќе зема многу помалку во Милано.

Scroll to Top