Top Sport

Алеш Видал ќе заврши во Рома

Фудбалските клубови Рома и Барселона се блиску до постигнување на договор околу преселбата на Алеш Видал во Рим.

Менаџерот на поранешниот шпански репрезентативец потврдил дека неговиот клиент е подготвен да се пресели во Рома, но само доколку во пролетниот дел од сезоната биде позајмен.

Видал не е во преден план кај тренерот Валверде, кој на позицијата десен бек најчесто ги користи Серхио Роберто и Семедо, додека десната крилна позиција е резервирана за Осман Дембеле.

„Рома е заинтересирана за Видал и ќе биде добро доколку повторно имаме соработка со Мончи. Видал остана во добри односи со него по годините кои заедно ги минаа во Севилја. Видал е среќен во Шпанија, но тоа не значи дека не би се преселил во Рома доколку добие добра понуда. Отворени сме за позајмица. Потребно е клубовите да ги договорат условите“, рекол Руџеро Ласеренца.

Видал во јуни 2015 година од Севилја се пресели во Барселона за 18 милиони евра, но никогаш не се избори за место во првиот тим.

Има одиграно 40 натпревари за Барса и постигнато четири гола.

Scroll to Top