Top Sport

Алиоски и Лидс останаа без тренер, прв избор е Биелса

Тимот на македонскиот репрезентативец, Езѓан Алиоски, Лидс јунајтед го отпуштија тренерот Пол Хекингботом по само пет месеци на чело на англискиот второлигаш, и планираат да го „бркаат“ поранешниот аргентински селектор, Марсело Биелса.

Според „Дејли мирор“, Хекингботом добил отказ додека бил на одмор, откако претходно Лидс не се согласи со неговата листа на фудбалери кои сака да ги ангажира. Хекингботом победи во само 4 од своите 16 мечеви откако го наследи Томас Кристијансен во февруари, и Лидс по ветувачкиот старт на сезоната повторно не обезбеди бараж за место во Премиер лигата.

Сепак, вестите не се само лоши за Алиоски и Лидс. Клубот доби инвестиција од 100 милиони фунти преку партнерство со НФЛ клубот, Сан Франциско 49ерс во обид следната сезона да влезат во Премиер лигата.

Scroll to Top