Фенерхачке синоќа го освои Купот на Турција. Во финалето, Фенербахче го победи градскиот ривал Башакшехир со 2:0.
Головите за Фенербахче ги постигна Миши Батшуаи во првата и 29.минута.
Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски, не беше во ростерот на Фенербахче за финалниот натпревар. На крајот доби медал за освоениот Куп.
Алоски во текот на денот треба да и се приклучи на македонската репрезентација, која вчера ги започна подготвките за квалификациските натревари против Украина и Англија.