Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски и неговиот Лидс јунајтед се лидери на Чемпионшип-дивизијата по денешниот меч на кој славеа со 1-2 на гостување против Виган.
Лидс прими гол уште во 6. Минута, стрелец беше Џејмс, но по само 3 минути, Лидс со голот на Хернандез израмни на 1:1.
На почетокот на вториот дел , во 46. Минута, Руф погоди за 1:2 што се испостави дека е конечен резултат на мечот.
Алиоски ги одигра сите 90 минути за Лидс, а тимот се искачи на првото место на табелата, по 16 одиграни кола.
https://www.youtube.com/watch?v=EJrqvJW9s7M