Top Sport

Алиоски за предност против Ерменија на полувреме (видео)

Македонската фудбалска репрезентација има водство од 1:0 по првите 45 минути од мечот од  Лигата на нации на УЕФА против Ерменија.

Македонија од почеток тргна напаѓачки во директен дуел со најголемиот ривал за првото место во групата 4 од Лигата Д, и првичниот притисок се исплатеше уште во 13. минута, кога Горан Пандев беше соборен во противничкиот шестнаесетник, а фудбалерот на Лидс, Езѓан Алиоски без проблем го совлада Аирепетјан.

По оваа првична иницијатива, темпото на игра падна, а Македонија веднаш имаше одлична шанса преку Алиоски, но сепак, тој беше во офсајд.

Во 34. минута, специјалистот за слободни удари, Енис Барди не успеа да направи нешто повеќе од 40-тина метри, а тој го повтори тоа и во 42. минута.

Scroll to Top