Еден од најдобрите голмани во светот Алисон Бекер и покрај итересот на неколку врвни европски тимови нема ништо против да остане во Рома. Како што објавија италијанските медиуми Бразилецот се согласил да го продолжи договорот, но доколку клубот исполни некои негови услови.
Имено, Алисон се согласил да го продолжи договорот до 2021 година, но бара плата од четири милиони евра годишно. Исто така Алисон побарал во договорот да биде вметната клаузула дека тој може да го напушти клубот по завршувањето на наредната сезона, доколку пристигне понуда која ќе биде интересна и за него и за клубот.