Top Sport

Алкохолот, конечно, ќе биде дозволен во Лигата на шампиони

Извршниот комитет на УЕФА, конечно, ги смени правилата за да се дозволи продажба на алкохол на нивните натпреварувања, односно во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.

Со оваа промена, сега ќе важат локалните закони во земјите, така што алкохолот ќе се продава во земјите кои дозволуваат вакво нешто, како Германија, но не и во земјите каде што алкохолот е забранет на трибините, како Англија.

„Организаторите на мечевите можат да продаваат алкохол на стадионот и околината ако тоа е дозволено под националните закони“, се вели во новото правило на УЕФА.

Асоцијацијата на фудбалски навивачи на Европа (ФСЕ) ја поздрави одлуката, посочувајќи дека забраната на продажба на алкохол не донела до намалување на инцидентите.

„Предолго време фудбалските навивачи беа не-фер третирани во споредба со фановите на другите спортови“, изјави Ронан Еваин, претседателот на ФСЕ.

Scroll to Top