Џорџо Кјелини капитенот на Јувентус цела недела е актуелен во италијанските медиуми поради неговата биографија „Јас, Џорџо“.
Веќе е познато дека во книгата тој жестото ги критикува Марио Балотели и Фелипе Мело, а во нема им дел и за Артуро Видал. Кјелини пишува дека Чилеанецот имал проблеми со алкохолот, со заклучок дека на теренот секогаш се однесувал како вистински професионалец.
„Фудбалер не е ниту светец, ниту ѓавол. Треба да знаете да ги разликуваат оние кои глумат Видал понекогаш ќе испиеше повеќе, тоа сите го знаат, може да се каже дека алкохолот му беше слаба точка. Слабостите се дел од карактерот и можат да остават последици врз целата група“, истакнал Кјелини.
„Големиот Артуро неколку пати годишно не доаѓаше на тренинг или ќе дојдеше премногу расположен. Но тој никогаш негативно не влијаеше на тимот“.
Кјелини пишува и за турнејата во Мајами кога Видал се појави пијан на тренингот.
„Добивме слободен ден. Наредното утро Артуро не се појави. Беше во креветот, моравме на сила да го извлечеме. Тој ден на тренингот вежбавме нови работи, сите бевме во црно, а температурата беше 40 степени.“
„Тренерот Конте не успеа да дочека Видал да се откаже за да може да го казни. По десет минути во кои Артуро не можеше да ја види топката, тренингот го заврши со луди спринтови на 20 метри. И после што да му кажете на таков човек, кој на целиот тим му носи толку радост, кој на тимот му дава енергија. Тој е борец, вистински шампион“, го пофалил Кјелини својот поранешен соиграч.