Брилијантната партија на Душан Тадиќ против Реал Мадрид се уште е тема во фудбалските кругови. Српскиот репрезентативец одигра за чиста десетка на „Сантијаго Бернабеу“ и со гол и две асистенции го предводеше тимот до сензационалната победа 4:1.
Медиумите шпекулираат дека два тима покажале сериозен интерес за 30-годишниот играч на Ајакс.
Les tops/flops de Real Madrid – Ajax Amsterdam : https://t.co/ukxzrOAV2y#RMAAJA pic.twitter.com/WsHKe9wXeH
— L'ÉQUIPE (@lequipe) March 5, 2019
За „здравјето“ на Тадиќ се распрашувале тренерите на Манчестер сити и Баерн Минхен, Пеп Гвардиола и Нико Ковач.
Шпанските медуми шпекулираат дека Гвардиола бил подготвен да издвои околу 30 милиони евра за овој фудбалер.
Тадиќ од Премиер лигата, на почетокот на сезоната пристигна во Ајакс. Холандскиот тим за неговите услуги на Саутмептон им платија 11 милиони фунти.