Манчестер сити го комплетирале трансферот на аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез, потврид претседателот на неговиот клуб, Ривер Плата, Хорхе Брито, но додаде дека 21-годишниот талент ќе остане во клубот до јули.
21-годишниот Алварез се смета за еден од најталентираните аргентински фудбалери, откако постигна 19 гола во 33 меча за Ривер Плата оваа сезона, а имаше и 18 асистенции, и во Сити ќе биде вистински наследник на аргентинската легенда, Серхио „Кун“ Агуеро.
„Имаме целосен договор со Манчестер сити за Хулијан. Договорот е направен“, изјави Брито во интервју со Фабрицио Романо.
Алварез имаше клаузула од 25 милиони евра во својот договор со Ривер Плата, а беше дел од репрезентацијата која го освои трофејот од Копа Америка минатото лето.