Атлетико Мадрид наредната сезона ќе има комплетно нова напаѓачка линија. Се шпекулира дека покрај Диего Коста клубот ќе го напушти и Алваро Мората. Наводно Интер веќе стапиле во контакт со колегите од „Ванда Метрополитано“.
Алваро Мората ќе остане без местото во стартната постава откако во Атлетико ќе пристигне Единсон Кавани. Партнер на Уругваецот во нападот ќе му биде младиот Жоао Феликс.
Во една таква ситуација јасно е дека Мората нема да прифати повеќе да седи на клупата отколку да игра.
Интер се насочиле кон Мората откако им станало јасно дека нема шанси да го добијат Кавани.
Мората не би имал ништо против да се пресели во Интер бидејќи неговата сопруга е Италијанка.
На овој трансфер наводно инсистирал тренерот на Интер Антонио Конте кој во минатото два пати соработувал со шпанскиот напаѓач, во Јувентус и во Челси.