Дани Алвеш повторно го повика својот поранешен соиграч Лионел Меси да се врати во Барселона како него за „последниот танц“, откако Бразилецот емотивно се врати во јануари во својот омилен клуб.
Врската кој траеше цела кариера помеѓу Барселона и Меси шокантно заврши минтото лето откако клубот не можеше финансиски да го комплетира неговиот нов договор, и тој замина во Пари Сен-Жермен, каде што засега не успеа да ја врати својата фантастична форма. Алвеш вели дека излезот е јасен.
„Не знам што тој чувствува или сака да направи. Но, би можел да се врати една година со мене за ‘последен танц’. Зошто да не? Нема подобро место од Барселона и не можеш да бидеш подобар од Барселона. Тој си замина и се обиде на друго место, а сега ако го сака тоа, може да се врати дома“, вели Алвеш.
Самиот Алвеш нема договор за следната сезона и вели дека уште не разговарале за продолжување на соработката.
„Ќе го направам тоа што го направив и првпат кога бев во тимот – ќе се борам до крај. Кога сум на мисија го давам максимумот. Кога ќе заврши сезоната ќе ми кажат како понатаму. Не жалам. Нема да биде проблем ако ми кажат директно дека нема да продолжам“, вели Алвеш.