Откако доби вест дека нема шанси да се опорави за време на Светското првенство, бразилскиот дефанзивец, Дани Алвеш прати две пораки за своите фанови – „не плачете по мене“ и уште поважно „ќе се вратам“.
Фудбалерот на Пари Сен-Жермен се повреди во финишот на финалето од Францускиот куп во вторник против Ле Ербиер, и лекарите му прогнозираат пауза од шест месеци поради скинати лигаменти на коленото. Алвеш, кој освои три титули од ЛШ, една од Копа Америка и лигашки титули во Шпанија, Италија и Шпанија вели дека не е потребна преголема емотивност.
„Не сакам никој да плаче за мене, не сакам на никого да му е жал за мене. Јас ги проживеав моите соништа“, вели Алвеш.
35-годишниот ветеран инсистира дека Бразил може да стигне до шеста светска титула во Русија, и дури најави дека може да биде во тимот и на СП во Катар во 2022.
„Не се сметам за ветеран, тие што ме познаваат знаат дека во духот сум како 13-годишник. Којзнае можеби во 2022 ќе бидам во игра за тимот. Моето тело ќе има 39 години, но духот ќе има само 17“, вели Алвеш.
Фото: ЕПА