Top Sport

Аматерите на Куклен ветија дека ќе играат „пијани како газ“ против Левски

Бугарскиот аматерски клуб, Атлетик Куклен го направи најголемиот успех во својата историја, откако се пласираше во 1/16 финалето на Купот на Бугарија, каде што ги чека великанот Левски.

Еуфоријата го зафати малото градче во близина на Пловдив, и дел од фудбалерите најавија дека големото дерби ќе го играат „пијани како газ“.

„Да живее селско-работничкиот фудбал! Со Левски сите ќе излеземе пијани како газ. Vamos Bailar“, напиша голманот на клубот, Васил Гуџев по победата над Созопол.

Мечот се игра на 25 септември и ќе биде интересно да видиме дали ќе го исполнат ветувањето.

Scroll to Top