Top Sport

„Амазон“ за уште повеќе пари во Премиер лигата

ТВ-револуцијата на Премиер лигата продолжува откако гигантот „Амазон“ откупи пакет на права за најгледаната светска лига, со што буџетот на најбогатите клубови на светот ќе стане уште поголем, а англискиот фан ако сака да ги гледа сите натпревари од сезоната ќе мора да плати 860 фунти.

„Амазон“ за првпат купува ТВ-права за Премиер лигата,  и сега ќе се обиде да направи „поместување“ во правата на претходните и сегашни сопственици „Скај спортс“ и „БТ спорт“. ТВ-правата за ПЛ од 2019 до 2022 беа поделени во неколку пакети и по кампањата во февруари останаа два пакети, од кој еден заврши во рацете на интернет гигантот.

Во февруари, Премиер лигата продаде пет пакети на „Скај“ и „БТ“ за вкупно 4.464 милијарди фунти – „Скај“ има 128 меча, а „БТ“ има 52 меча. „Амазон“ ќе има право да пренесува 20 меча за неоткринеа сума, а „БТ“ доплати 90 милиони фунти за преостанатиот пакет.

Оваа вест доаѓа во и така добар период за клубовите од Премиер лигата, откако елитните „големи шест“ во Премиер лигата обезбедија поголем дел од парите од ТВ-правата. Арсенал, Челси, Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Ливерпул сега ќе станат уште побогати клубови.

Scroll to Top