Top Sport

Амброзини: Со продажбата на Тонали, Милан ја загубија својата душа

Поранешната ѕвезда на Милан, Масимо Амброзини смета дека неговиот поранешен играч не загубил само добар играч со продажбата на Сандро Тонали во Њукасл, туку и својатта душа.

23-годишниот Тонали потпиша петгодишен договор со Њукасл во договор вреден околу 70 милиони евра, најскап трансфер во историјата на италијанскиот фудбал, но неговото заминување, заедно со отказот кој го доби директорот Паоло Малдини предизвикаа бурни реакции кај навивачите на Милан. Амброзини се согласува со нив.

„Неговата продажба не е шокантна само бидејќи Милан загуби голем играч, туку бидејќи ја загуби својата душа. Тонали може да биде заменет технички, но ќе биде тешко да се замени тоа посебно нешто што тој го носеше на теренот. Тие кои останаа, Тео Ернандез, Фикајо Томори и Мајк Мањан, ќе мораат да покажат дел од срцето кое Тонали го носеше. Без Малдини, Милан исто така заугбија дел од душата и надвор од теренот“, вели Амброзини во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top