Американскиот „АЛК Капитал“ планира да го купи членот на англиската Премиер лига, Барнли. Планот на инвеститорите е да го купат клубот до Нова година, за да можат да бидат активни на трансфер-пазарот во јануарскиот преоден рок.
Барнли по лошиот старт во сезоната, се наоѓа во серија од три натпревари без пораз. Тимот на менаџерот Шон Дајч излезе од опасната зона.
Англиските медиум пишуваат дека инвеститорите кои ги предводи некогашниот банкар од Волс Стрит, Алан Пејс, и Управниот одбор се наоѓаат во завршната фаза на преговорите.
Целта на Американците е да го купат клубот од „Туфт Мур“ до Божик.
Мајк Гарлик, кој пет години е мнозински сопственик на акциите, ќе остане во клубот и по неговата продажба за им пружи поддршка на новите сопственици.
Ова група инвеститори минатото лето имаше неуспешен обид да го купи Шефилд јунајтед.