Top Sport

Американци заинтересирани да го купат Интер

Италијанскиот весник „Ил џорнале“ повторно ги подгрева шпекулациите дека „Сунинг“ планира да го продаде Интер, бидејќи постои интерес на американска компанија да влезе или како целосен сопственик на клубот или да стане инвеститор како малцински сопственик.

Ова е последна во низата на шпекулации дека семејството Жанг планира да го продаде Интер по финансиските проблеми на нивните компании во Кина, но официјално тие немааа таква намера.

Иако, „Ил џорнале“ не дава многу детали за потенцијалниот договор, тие највуваат дека работите ќе бидат појасни во следние две недели, кога ќе дојде извештајот на „Голдман Сакс“ и „Рејн групцијата“ за потенцијални инвеститори во клубот. Весникот додава дека „Сунинг“ се подготвени да го продадат клубот за 1.2 милијарди евра, колку што „Редбрд“ платија за градскиот ривал Милан минатото лето.

Scroll to Top