Фудбалериките на Франција и Јужна Кореа, во петокот, го отворија Светскоот првенство во фудбал. Франција е домаќин на турнирот на кој учествуваат 24 репрезентации.
На женскиот Мундијал веќе заврши првото коло во првата фаза, а главна тема се репрезентативките на САД. Актуелните шампионки во првото коло славеа со 13-0 против Тајланд.
Пет гола за Американките постигна Алекс Морган, а авторки на по два гола беа Роуз Лавел и Саманта Мјус.
Во Ф-групата, покрај САД и Тајланд играа уште и Шведска и Чиле. Швеѓанките со 2-0 славеа против Чилеанките.