Top Sport

Американска компанија ја презема Рома

Италијанските медиуми тврдат дека американската „Фридкин групација“ е пред купување на прволигашот Рома за фантастични 780 милиони евра. Преговорите за продажба на Рома траат подолго време, а според весникот „Ил месаџеро“ паднал договор за време на божиќните празници.

„Волчицата“ е во сопственост на Американецот со италијанско потекло, Џејмс Палота од 2012 година, и тој најверојатно би останал во клубот како малцински сопственик.

Според „Ил месаџеро“, договорот за изградба на нов стадион на Рома не е вклучен во договорот, бидејќи клубот уште не добил официјално одобрение за изградба, иако чешкиот милијардер Радован Витек веќе наводно го купил земјиштето во Тор ди Вале каде што се планира новата изградба. Се очекува Палота да заработи околу 80 милиони евра од продажбата.

Scroll to Top