Засега неименуван американски фонд веќе преговарал со претседателот на Торино, Урбано Каиро, за купување на клубот веќе неколку недели, тврди „Тутомеркато“.
Каиро во јуни го посети Њујорк, каде што преговарал со инвеститори кои сакаат да купат мнозинство акции во клубот, но „Тутомеркато“ додава дека италијанскиот бизнисмен не е расположен да се откаже од клубот кој го поседува дури 18 години. Вредноста на Торино е околу 200 милиони евра, ако се земе во предвид составот на тимот и 50-те милиони евра кои ги добиваат преку ТВ-правата.
„Верувам дека тоа што го направивме во Торино е стабилизација на голем фудбалски клуб со фантастична историја и покрај тоа што не освоивме ништо. Дали тоа го ценат фановите, треба да ги прашате нив. Некои посакуват да има продажба на клубот, но засега не сме разговарале за тоа“, изјави неодамна Каиро.
TMW – Torino, trattative con un fondo d'investimento per il club. Cairo per ora rifiuta, vuole una maxi offerta https://t.co/0ltVEyiXGH
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) September 5, 2023