Крис Сатон, поранешниот играч на шампионската генерација на Блекбурн и најдобриот стрелец во Премиер лигата во 1998 година, за Би-би-си проговорил за ситуацијата што владее во Челси.
Сато дел од својата кариера минал на „Стенфорд Бриџ“, не можел да се изначуди на она што се случи во неделата, кога голманот Кепа одби да биде заменет.
„Тоа е бунт, анархија, во Челси не важат законите! Ситуацијата би ја опишал вака: Лудаците владеат со лудницата. Без зборови ме остави однесувањето на Кепа, а Сари…Не сум видел менаџер да се чувствува толку немоќно“, рекол Сатон и дополнил:
„А останатите фудбалери, па нивното однесување во текот на секундите и минутите кога Кепа одбиваше да го напушти теренот ни кажа што да мислиме за таа група на граѓани. Тие не се тим и поради тоа во блиска иднина нема да освојат ништо“, заклучил Сатон.