Италијанските тренери ќе бидат први ѕвезди во летниот преоден рок, најавуваат медиумите на Апенинскиот Полуостров.
Влијателниот „Кориере дело Спорт“ истакнува дека од летово Карло Анчелоти и Масимилијано Алегри ќе станат жители на Лондон.
Според весникот, поранешниот тренер на Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал и Баерн, Анчелоти е на чекор да гостави својот потпис на четиригодишниот договор со Арсенал вреден 40 милиони евра.
Анчелоти во Арсенал ќе го наследи Арсен Венгер, кој во клубот е од 1996 година.
На пат кон Лондон е подготвен и Масимилијано Алегри, човек кој во последните три сезони двапати играше финале со Јувентус во Лигата на шампионите.
Алегри во Челзи ќе го наследи човекот на чие место дојде во Јувентус во 2014 година, Антонио Конте.
Италијанците пишуваат дека Конте нема долго да биде без работа, бидејќи веројатно ќе седне на тренерсото столче во ПСЖ.