Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти се шегува дека Тијаго Алкантара му го „скршил срцето“ со трансферот во лутите ривали Ливерпул, откако двајцата работеа заедно во сезоната 2016/17 со Баерн Минхен.
„Ми го скрши срцето, ми го скрши срцето. Тијаго ми е пријател, одличен фудбалер и имав среќа да работам со врвни фудблаери како него. Единствено добро е што сега ќе ми биде сосед. Мислам дека го избра погрешниот тим. Можеше да дојде во синиот тим, не во црвениот. Секако, се шегувам. Мислам дека Јирген ќе биде многу среќен“, вели Анчелоти за весникот „Ливерпул ехо“.