Top Sport

Анчелоти целосно го прероди Евертон (Видео)

Фудбалерите на Евертон со победата над Кристал Палас ја продолжија серијата на добри резултати, додека екипата од Лондон ја продлабочи кризата. „Крамелите“ попладнево славеа со 3:1.

Просечно прво и одлично второ полувреме одиграа Евертон и Кристал Палас. Во првиот дел Еветон постигна гол преку Бернард во 18 минута.

Палас добро гo отвирија вториот дел, тргнаа во офанзива и израмнија со голот на Кристијан Бентеке во 51 минута. Голема помош Белгиецот имаше од голманот Џордан Пикфорд кој лошо реагираше пред својот гол.

Во екот на офанзивата на Кристал Палас, Ришарлисон успеа сосоло пробив крај четврица противнички играчи да постигне гол во 58 минута.

Во наредните десет минути Бентеке пропупти две доби шанси за уште еднаш да го израмни резултатот, додека на спротивната страна Гуаита одлично го одбрани обидот на Сигурдсон.

Во финишот на мечот Калверт-Лувин го постави конечниот резултат 3:1.

Евеетон со новите три бода „скокнаа“ на седмото место на табелата со 36 бода. Евертон од доаѓањето на Карло АНчелоти на 21 декември има скор од пет победи, две нерешени и еден пораз. Во овој период само Ливерпул освоил повеќе бодови од Евертон.

Кристал Палас се на 14 место со 29 поени. Тимот на Рој Ходџсон нема победа на последните шест натпревари, а против Евертон го забележа третиот пораз во низа.

Scroll to Top