Герет Бејл повторно го налути шпанскиот печат и навивачите на Реал Мадрид откако не присуствуваше на прославата на 35. титула на „кралевите“, како единствен фудбалер од клубот, по што преку Твитер објасни дека имал повреда на грбот.
„Многу сум разочаран што не бев дел од прославата поради лош грч во грбот, но горд сум на тимот што ја освои титулата. Уживајте момци. Хала Мадрид“, напиша тогаш Бејл на Твитер.
И покрај критиките, тренерот Карло Анчелоти го бранеше Велшанецот посочувајќи дека не е вистина дека тој е „далечен и студен“ човек.
„Сите го сакаат Бејл. Не беше со нас бидејќи можеше да се мрдне. И мене ми се има случено – кога грбот ќе ти се блокира не можеш да се движиш. Не се работи дека тој е далечен човек, туку дека едноставно не можеше да се движи“, вели Анчелоти.