Top Sport

Анчелоти го избрал Асенсио наместо Родриго за утнатиот пенал поради Мундијалот

Карло Анчелоти признава дека е разочаран од неговиот тим по 1:0 поразот од Мајорка во неделата, по што одбраната на титулата од Ла лига изгледа подалечна, и објасни зошто решил Марко Асенсио да ги изведе пеналот (кој беше одбранет) на местото на Бразилецот Родриго.

„Поразот боли, но очекувавме ваков меч, со многу фаули и прекини. Страдавме поради рано примениот гол, а потоа и поради пеналот. Мораше да има повеќе жолти картони за нив бидејќи постојано фаулираа. Сега, ќе се фокусираме на Светското клупско првенство, а потоа ќе се бориме за Ла лига до крај. Јас го избрав изведувачот на пеналот, бидејќи Бензема, Модриќ и Крос не беа на теренот. Изборот беше меѓу Асенсио и Родриго и сметав дека Родриго може да има ментални проблеми по промашениот пенал на Светското првенство во Катар“, објасни Анчелоти.

Scroll to Top