Top Sport

Анчелоти го носи Белоти во Премиер лигата

Евертон се приклучија на долгата листа на клубови заинтересирани за напаѓачот на Торино, Андреа Белоти, тврди италијанскиот весник „Ла република“.

26-годишниот Белоти постигна 15 гола во 31 настап за „биковите“ оваа сезона, и според италијанските извори не сака да потпише нов договор со клубот, откако сегашниот му завршува во јуни 2022 година.

Наполи, Фиорентина, Милан и Атлетико Мадрид се заинтересирани за италијанскиот напаѓач, но се верува дека Торино би сакале да го продадат надвор од Италија, а менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти може да биде одлучувачкиот човек.

Иако Белоти има откупна клаузула од високи 100 милиони евра, се очекува дека Евертон би можеле да го добијат за околу 50 милиони евра.

Scroll to Top