Карло Анчелоти има намера во Евертон да го донесе фудбалерот со кого имаше добра соработка во Наполи. Англискиот клуб веќе започнал преговри со менаџерот на Бразилецот Алан.
„Газета дело Спорт“ тврди дека Евертон на Алан му понудиле годишна плата од шест милиони евра.
Алан во Наполи се пресели од Удинезе во 2015 година, за клубот од „Сан Паоло“ одиграл 203 натпревари, сезонава запишал 16 настапи.