Top Sport

Анчелоти: Халанд е проблем, но не е единствениот

Ако Реал Мадрид сакаат да влезат во второ финале во низа во Лигата на шампиони, ќе морат да го сопрат Ерлинг Халанд на „Етихад“ утре, но тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти вели дека нема да се фокусираат само на еден фудбалер.

Халанд го сруши рекордот во Премиерлигата со 36 гола оваа сезона на три меча пред крајот, а има и 12 гола во Лигата на шампиони. Меѓутоа во првиот меч на „Сантијаго Бернабеу“, норвешкиот напаѓач беше сопрен од Антонио Ридигер.

„Кога ќе оценуваме еден тим, не се фокусираме само на еден играч. Мораме да направиме дефанзивна тактика за целиот меч. Не размислуваме само за Халанд. Каде е Кевин де Брујне? Илкај Гундоган? Ријад Марез? Тешко е да изолирате играчи“, вели Анчелоти.

Scroll to Top